Годишниот извештај на Македонската радио телевизија за 2017 година доби негативно мислење од Владата на вчерашната седница. Владата вчера одлучила да даде негативно мислење и на годишниот извештај за работата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Вака оценетите извештаи се проследуваат до Собранието каде треба да бидат изгласани. Со оглед на мислењето кое го даде Владата, се очекува пратениците да не ги одобрат.

Поради тоа може и да се очекува од првите луѓе на МРТ и АВМУ да биде побарана оставка или да бидат разрешени. Овие институции се уште ги водат кадри на ВМРО-ДПМНЕ.