Вчера, заменик министерот Д-р Агим Нухиу учествувше на Регионалната конференција за Јакнење на соработката помеѓу општините во Пелагонискиот регион за подобрување на превенцијата и заштитата на жените и девојчињата од насилство, од каде ја испрати пораката за ангажманот на Владата на Република Македонија за преземање на институционални мерки за спречување на насилството во семејствата и заштита на жртвите.

Воедно, Нухиу го посети Музејот на албанската азбука и во таа прилика му беше врачена плакета.