Серија апсења има во Скопје од попладнево, а за расчистување на убиствата од 2018 година на Наим Ајети – Беланоца и Антонио Парапулов алијас Тозо, но и поради растурање на криминални групи кои се бавеле со продажба на дрога. Полицијата упаднала во Грчец, Дуќанџик, Чаир, каде има серија претреси.

„Скопје1“ пред малку објави дека првоосомничен во оваа акција која ја води Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција е Шеваљ Муареми кој е во бегство повеќе години. Статус на осомничен има и братот на Енес Ибраимов – Љаци, кој пак беше убиен во „Шиша бар“. Со истрагата опфатен е и полицаец, кој бил заедно со Орхан Бајрами – Оки кога му беше извршена ликвидација во Ханиоти, Грција.

Засега е познато дека е уапсен и поранешен партнер на наша позната поп-пејачка, кој сега е задржан во полициската станица во Карпош.

ВО ПРОДОЛЖЕНИЕ ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА НА МИНИСТЕРОТ ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ