Кичевчанецот Г.Н.(57) при чистење на дворот од сопствената куќа пронашол артилериска граната калибар – 110 мм од Првата светска војна.

Како што соопшти МВР, случајот вчера бил пријавен во Полициската станица Кичево.

Од страна на припадници на Дирекцијата за заштита и спасување пронајдената експлозивна направа била подигната за понатамошна постапка.