Во МКЦ во среда во 19 часот по трет пат ќе се оддржи Крик на жената – Меѓународен фестивал на поезија и уметност (Woman Scream – International Festival for Poetry and Art), во светот познат како Women Poets International Movement (Mujeres Poetas Internacional – MPI).

Фестивалот потекнува од Доминиканската Република, а на меѓународно ниво е координиран од страна на поетесата Џаел Урибе (Jael Uribe) како претседателка.

Националните координаторки за Македонија се поетесите Оливера Доцевска и Елена Пренџова, со поддршка на здружението „Јустиција“, во заедница со координаторите/ките од преку 30 држави од целиот свет, меѓу кои: Доминиканската Република, Шпанија, Мексико, Пуерто Рико, Аргентина, Франција, Луксембург, Италија, САД, Белгија, Норвешка, Луксембург, Канада, Грција, Австралија и многу други.

Фестивалот годинава ќе се одржи во чест на мајките како водички на новите генерации, посветен на живот без насилство и родова рамноправност и во чест на мајките кои ги изгубиле своите ќерки, жртви на насилство. Мотото на меѓународниот фестивал оваа година е „Flashlights of Hope“ („Блесоци на надежта“).

Мотото на настанот во Македонија е – „20 дена по 8. март и шчо напраифме“?
Фестивалот претставува светски синџир на настани во текот на сиот месец март, каде што поети и поетеси, уметници и уметнички и организации од различни земји волонтираат во чест на жените и рамноправноста на жените и испраќаат пораки на самодоверба и почит, но и го зајакнуваат гласот против насилството врз жените.
Учествуваат:

The post Во МКЦ во среда Крик на жената – Меѓународен фестивал на поезија и уметност appeared first on PLUS INFO.