Се изначитав миљон поделени мислења во врска со актуелноста на „Јавна соба”. Пред се, искажувам голема поддршка за храброста на девојката што искочи јавно да говори како жртва од овој сканадал што ни најмалку не е мал и наивен. И секој нормален и разумен човек треба да дае поддршка и го крене гласот за неа и другите жртви, во свое име и во име на своите женски роднини и пријатели.

Во никој случај критиката не смее да биде кон жртвата, туку мора да биде само и само кон предаторите и притисок кон институциите за брзо делување.

За жал, читам и многумина го релативизираат и се кријат зад ставот на (не)свесна оправданост на мањаците со – „ама она сама си објавува такви голи слики, јавни се.” Да, објавува. И?!

Жената треба да се гордее со своето тело и има целосно право како сака да се облекува, како сака да се слика и кај сака тоа да го праќа ама никој НЕМА право тоа да го злоупотребува и користи против неа!

Институциите мора брзо да реагираат, а јавноста треба безусловно да ги поддржува и брани жртвите од забегани предатори и мањаци во различни форми и делувања!

 

Пишува: Влатко Васиљ