На денешното примопредавање на вакцините од Република Србија на Граничниот премин Табановце, претседателот Александар Вучиќ во своето обраќање потенцираше дека тие како земја имале проблем со производителот Фајзер за извоз на вакцините. Значи не ние, туку Србија со Фајзер.

“Среќен сум што го направивме ова, можевме и пред десетина дена но сакам сите да знаете во Северна Македонија дека ние имавме големи проблеми за извоз, затоа што тоа се многу строги процедури. На крај сум благодарен на луѓето од Фајзер затоа што ни дозволија, но под исклучително сложени процедури за да не трпиме санкции. Јас сум среќен што македонските граѓани можат да почнат со имунизација, и пред некој други во регионот и овој дел на светот. Среќен сум што можеме да помогнеме на нашите браќа и пријатели“, рече Вучиќ.

Со ова, практично како би рекол опозицискиот лидер Мицкоски, не Заев, не медиуми блиски до власта туку самиот претседател на Србија, ги демантираше лагите што се пласираа првин на социјалните мрежи па по одредени портали но и лично од Мицкоски, за наводна неспособност на нашите власти да ја примат пратката со вакцини од Србија.

Вучиќ на крај се заблагодари на премиерот Заев за тоа што се бори за својот народ и повторно потенцира дека вакви прашања околу предавање на вакцини не се решаваат за 24 часа.

–Ова траеше со денови, се бореше Зоран, вакви прашања не се решаваат за 24 часа иако на некои така им се чини…., заврши Вучиќ.