Градската библиотека „Браќа Миладиновци“- Скопје организира промоција на книгата за деца „ Скокни,прескокни “ од Васил Мукаетов.

Книгата е добитник на престижната награда „Ванчо Николески“ на Друштвото на писателите на Македонија за најдобра книга за деца во 2017 година.

Наградената книга ќе ја промовира Виолета Танчева – Златева, а ученици од ОУ „Коле Неделковски“ од Скопје ќе рецитираат стихови од Мукаетов.

Промоцијата ќе се одржи на 19 април(четврток) 2018 година во спомен-собата на Миладиновци, со почеток во 12 часот.

 Васил Мукаетов– писател за деца. Автор е на десетина книги,Застапен е во повеќе учебници по македонски јазик и литература за основното образование. За неговата последна книга „Скокни, прескокни“ д-р Васил Тоциновски ќе напише:

„Ракописот Скокни, прескокни од Васил Мукаетов е книжевно дело со високи естетски вредности и претставува значаен прилог за современата македонска книжевност.“