Денес одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дроги, оружје и опасни материи во координација со Агенција за национална безбедност во соработка со РЦ Југ и СВР Струмица пресекоа меѓународен канал за транспорт на наркотична дрога-марихуана од Република Северна Македонија за Република Грција, при што се запленети 200 килограми марихуана.
Лишени од слобода К.К., локален моќник сопственик на кафебарот Пабло Ескобар и С.К. негов близок роднина, кој моментално е на издржување мерка, куќен притвор за криумчарење мигранти.
Во моментот на вршењето на кривото дело се затекнати седум големи вреќи, вкупно 185 пакувања со марихуана во ПМВ Шкода Фабиа без регистарски ознаки во близина на самата гранична линија со Република Грција (атар на селото Селемли). На местото лицата дошле со два крос мотори.
Извршени се пет претреси на подрачјето на Гевгелија и обезбедени се докази за инволвираност во недозволена теговија со дрога при што се запленети пари, оружје и возила со кои се доставувала дрогата до крајните корисници.