Претседателката на Општинската организација на СДСМ Карпош, Мери Георгиевска го осуди однесувањето политичкиот противник во Карпош кој синоќа во потшенските сандачиња имаат оставено летоци со црна кампања.

‘Најостро го осудувам вечерашното однесување на политичкиот противник во Карпош.Не сакаат избори, ама да водат црна кампања се спремни.Какви лицемери и манипулатори…

Парите што ги потрошивте за печатење можевте да ги донирате и да помогнете таму каде што треба. Ама патриотизмот и општествената одговорност изгледа различно ја разбираме.”, напиша Георгиевска на својот ФБ профил.