Новото раководство на ВМРО-ДПМНЕ дава нов тон во работата на партијата за кој не можам да кажам дека не ми се допаѓа. И кога стана Христијан Мицкоски претседател на партијата ние му посакавме успех и враќање на старата идеологија на ВМРО-ДПМНЕ, изјави Љубчо Георгиевски, челникот на ВМРО-НП во изјавата за Фактор магазин на прашањето за можното негово враќање во ВМРО-ДПМНЕ.

„Мицкоски треба да заборави на таа идеолошка кармакаша од последните десет години. Јас и кога го избраа Мицкоски реков дека треба да му се даде шанса и ако идеологијата се промени, може да се разговара за некаква посериозна и потрајна соработка . Главен услов е идеологијата. Сакаме да препознаеме дека ова ново ВМРО-ДПМНЕ се одделува од таа иделошка кармакаша и да раскрстат со неа. Немаме никакви кадровски уцени, услови. Тоа, сепак, си е партија со сериозна дистанца од нас, а она што го бараме е да видиме дека идеолошки се подготвени да ги направат тие идеолошки промени“, изјави Георгиевски.