Учениците од ОУ „Ј.Х. Песталоци“ добија ново фудбалско и кошаркарско игралиште во школскиот двор. Донацијата е од Видеолотарија Касинос Австрија и вклучува нови реквизити, вградена гумена подлога и заштитна ограда.

Детската спортска игра значи физичка активност за правилен раст и развој, нови познанства и социјализација како и позитивно ментално здравје.

Апелирам до младите да се однесуваат одговорно и да ги чуваат училишните игралишта бидејќи тие ќе им требаат и на следните генерации.