Започнавме со реконструкција и изведба на комплетно нови пешачки патеки на повеќе локации во Центар. Се уредуваат патеките околу Олимпискиот базен, на Водно се работи на улиците „Славејко Арсов“ и улицата „Загрепска“, на улицата „Христо Смирненски“ во Капиштец, ул „Никола Тримпаре“, во Буњаковец како и на санација на јавни површини во комплексот згради во Буњаковец и јавните површини близу Министерство за Култура. Исто така правиме и мала реконструкција на делот што води до Мал Ринг.

Сите овие локации ќе бидат уредени со зеленило и нова урбана опрема.

Вложуваме во пешачките зони за поголема безбедност на пешачите.

ФБ статус на градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.