Судот во германскиот град Нојминстер го продолжи притворот на поранешниот каталонски претседател Карлес Пучдемон, додека не се одлучи по барањето од Шпанија за негово испорачување во земјата.
Државниот обвинител од германската покраина изјави дека судот официјално го потврдил идентитетот на Пучдемон и дека ги сослушал аргументите од неговиот адвокат, кој тврди дека во шпанското барање за екстрадиција постојат правни недоследности. Тој рече дека судот го отфрлил предлогот на адвокатот за ослободување на Пучдемон, но дека тоа прашање повторно ќе се покрене за време на екстрадициониот процес, кој денеска официјално започна.
Портпаролката на канцеларијата на државниот обвинител на Вишиот регионален суд во Шлезвиг изјави вчера дека е малa веројатноста германската власт неделава да донесе одлука за испорачување на Пучдемон во Шпанија.
„Одлуката најверојано нема да биде донесена пред Велигден“, рече портпаролката Вибке Хофелнер, пренесе „Ројтерс“.
Пучдемон е уапсен во неделата, на околу седум километри од границата со Данска, по што беше сместен во притвор.