Главниот извршен директор на YouTube, Сузан Војчицки, им се обрати на креаторите на видео-страниците за прв пат по нападот во главното седиште на компанијата. Таа призна дека напорите на Јутјуб за прочистување на навредлив материјал беа тешки за некои креатори на видео материјал. За прв пат од пукањето во седиштето на YouTube претходно овој месец, извршниот директор Сузан Војчицки и се обрати на креаторската заедница на видео сервис зборувајќи за иднината.

Да се потсетиме. На 3 април, 38-годишната Назим Агдам пукаше на вработените во Јутјуб со пиштол, таа рани три лица пред да се убие. Полицијата заклучи дека Агдам, креатор на видео-снимка на YouTube, започна со чудно однесување откако нејзините клипови “доживеале“ пад на гледаноста и се намалиле приходите од реклами.

Пред пукањето, Агдам направила неосновани обвинувања дека целта на Јутјуб била да ја цензурира и да го уништи нејзиниот живот. Подоцна извршниот директор се обрати на видео-заедницата, заблагодарувајќи се.

„Како што можете да видите, последните две недели беа неверојатно тешки за луѓето кои работат на Јутјуб“, напиша таа.

Односот помеѓу Јутјуб и некои од луѓето кои прават и објавуваат видеа на страницата долго време е тежок, но се појави уште поголем стрес од март 2017 година. Тогаш Јутјуб почна да води кампања за отстранување на материјали што може да бидат непристојни. Ова доведе до губење на гледачи, претплатници и приходи од реклами за некои креатори предизвикувајќи незадоволство. Во една приказна објавена во понеделникот во „Бизнис инсајдер”, поранешните вработени на YouTube наведоа долгогодишен проблем на YouTube. Кога и  YouTube да ја менува услугата, дури и безопасните промени, некои креатори стануваат бесни и ирационални. Некои дури ги лечат своите фрустрации со заканување на вработените во YouTube и тоа со насилство.

извор: Бизнис Инсајдер