Претпладнево во голема полициска акција се уапсени десетина полициски службеници кои биле дел од ланец за фалсификување на патни исправи и лични документи. Како што дознаваме, по повеќе од година дена истрага и документирање на дејствувањето на криминалната група, МВР во координација со Канцеларијата за истраги на американската амбасада и Интерпол спроведува голема акција која уште трае.

Извори од истрагата велат дека вчерашниот брифинг од политичка партија бил во насока да се саботира оваа меѓународна акција. Од МВР само потврдуваат дека во тек е голема акција, а детали најавуваат по нејзиното завршување.