Почнаа ли дворските игри во ВМРО-ДПМНЕ, со објавувањето на снимени аудио разговори на кои се слуша гласот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Од небо се гледа дека некој го мести лидерот на опозицијата Мицкоски, да се објавуваат афирмативни снимки за Зоран Заев, за да можат пак да го нападнат внатрепартиски дека има лоша стратегија.

Успеаа ли Антонио Милошоски и Александар Николовски да го “слизнат” лидерот на опозиционата ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски останува времето да покаже…

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на својот ФБ профил кратко ги прокоментира разговорите :

“После внимателно и детално размислување за тоа кој би бил мотивиран да ги пушти овие денешни разговори во јавност, конечно сфатив. Јасно е. Мора да е или Ацко Поповски, шефот на ПР на СДСМ или Марјан Забрчанец, шефот на ПР на Владата. Мора да е некој од нив двајца. Нема кој друг да е мотивиран да пушти вакви разговори во јавност. Тие се задолжени и тие најмногу работат за афирмација на нашите политики и ставови. “, напиша Заев.