Британецот Џек Рејнолдс секоја година го привлекува вниманието на јавноста, прославувајќи ги своите родендени на потполно необични начини.

Тој, овојпат го прославил својот 106-ти роденден возејќи се со зип-лајн.

Рејнолдс пред две години се запишал во Гинисовата книга на рекорди како најстарата личност на светот која за прв пат направила тетоважа. Оваа година тој повторно успеал да се најде на страниците на светски познатата книга.

Џек сега е запишан во Гинисовата книга на рекорди како најстара личност која се спуштала со зип-лајн.

106-годишниот дедо се спуштал со брзина од околу 65 километри на час, на сајла со должина од 400 метри и на висина од 60 метри.

Погледнете како изгледал неговиот спуст: