Министерството за правда на САД побара да се утврди дали имало неправилности и политички мотиви во начинот на кој ФБИ ја водеше истрагата за руското мешање во изборите.

Министерствотот бараше од својот генерален инспектор да се консултира со федерален судија за тоа дали проширената истрага на Судот за разузнавачки надзор во странство ќе пронајде нови докази за можни неправилности во однесувањето при истрагата на ФБИ над оние кои се осомничени дека соработувале со руските агенти.

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска порача дека веќе утре че бара од Министерствотот за правда да испита длаи ФБИ или Министерствотот ја шпионирале неговата претседателска кампања во политички цели и дали имало какви и да се барања за тоа од администрацијата на неговиот претходник Барак Обама.

„Барам, а тоа утре и ќе го направам официјално, Министерствотот за правда да испита дали ФБИ или инистерството инфилтрирале или ја шпионирале кампањата на трамп во политички цели – и дали барање за такво нешто дошло од администрацијата на Обама“, напиша Трамп на твитер.

Трамп ја промовира теоријата, која циркулира по конзервативните кругови, за можна шпионажа над неговата кампања и предизборниот тим, наведува АП.

Но, адвокатот на Трамп, Руси Џулијани, фрли сомнеж на тие обвинувања минатата недела, велејќи дека ни тој ни претседателот не знаат со сигурност дали имало шпионажа, но напомена дека постојат податоци за можно инфилтрирање.