Данскиот парламент усвои закон со кој се предвидува забрана за носење облека која го покрива лицето, како што се муслиманските хиџаби и бурки.

Данска со ваквата одлука им се приклучи на европските земји кои претходно воведоа таква забрана. Законот, исто така познат како „забрана за бурки“, беше предложен од десничарската коалиција и е усвоен со 75 гласа „за“ и 30 „против“, пренесе агенцијата „АП“.

Како што соопшти Владата, законот не е насочен кон ниту една религија и не ги забранува шамиите на глава, турбаните или традиционалните еврејски капи.

Законот, кој ќе стапи на сила на 1 август, наведува дека неговото прекршување ќе биде казнувано со 1 000 дански, круни односно 156 американски долари. Сличен закон веќе е усвоен во Австрија, Франција и Белгија.