Уставниот суд избра нов уставен судија. Во иднина функцијата прв човек на Уставен ќе биде Дарко Костадиновски.

Засега нема информации колкумина од деветте судии гласале за Костадиновски.

Уставниот судија Дарко Костадиновски таму е над 5 година. Беше предложен од поранешниот претседател Ѓорге Иванов, а го изгласа тогашното парламентарно мнозинство предводено од ВМРО-ДПМНЕ.

Дарко Костадиновски е доктор на правни науки на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, од областа на меѓународното право. Костадиновски за уставен судија дојде од местото државен советник за надворешна политика во Кабинетот на тогашниот претседател Иванов.

Беше член на Кабинетот на претседателот од 2001 година во времето на претседателот Борис Трајковски. Од 2006 година продолжува неговиот ангажман, раководејќи со одделението за Европската Унија и НАТО во кабинетот на претседателот Бранко Црвенковски.-