Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ изјави дека Косово нема шанси да стане членка на УНЕСКО. Според него, се поголем број земји размислуваат за повлекување на признавањето на независноста на Косово. Тој порача и дека тоа се должи на напорната активност на српските власти кои секојдневно се занимаваат со тоа прашање.