Асфалтирањето на оваа улица следува по поставувањето водоводна и канализациона линија на истата, како и по асфалтирањето на соседната улица 7. Станува збор за улици кај коишто населението одамна си ги платило комуналните давачки и одамна требало да бидат асфалтирани. Сега конечно тоа е реализирано.
 
„По поставувањето на водоводна и канализациона мрежа и извршено тампонирање, денеска фирмата којашто ги изполнуваше сите услови во тендерската постапка, започнува со асфалтирање на улицата број 6, со што ќе се реши голем проблем и за пешаците и за возачите во една од поголемите населби во нашиот град.
Асфалтирањето на оваа улица број 6 ќе чини 1.667.000 денари без вклучено ДДВ, односно 1.967.060 денари со вклучен ДДВ.
За асфалтирање на улица бр 7 беа вложени 3.340.000 денари без ДДВ, односно
3.941.200 денари со вклучен ДДВ.
Ова е уште едно ветување за кое се зафативме на самиот почеток на мандатот кое беше потреба на граѓаните од населба Баби.
Со изведбата на водовод и канализација на улиците 6 и 7, како и со нивното
тампонирање и асфалтирање, во населбата Баби во изминативе шест и пол
месеци, колку што сум градоначалник, се вложени речиси седум и пол милиони денари. И во иднина продолжуваме со остварување
на клучните проекти и ветувања,“ истакна градоначалникот Бочварски.