Холандскиот фудбалски тренер Френк де Бур кој последниве денови е во вербален конфликт со Жозе Мурињо, се огласи по елиминацијата на Манчестер Јунајтед во осминафиналето на Лигата на шампионите.

– Можеби сум лош тренер, ама Мурињо потроши милијарда за ваков фудбал.

Судирот меѓу Де Бур и Мурињо почна по изјавата на Холанѓанецот дека Маркус Рашфорд не може да напредува поради стилот на игра кој го негува Мурињо.

На тоа, Португалецот одговори дека „најлошиот тренер на светот не може ништо да го научи.

На крајот Де Бур ги дочека своите пет минути, благодарение на изненадувањето кое синоќа на „Олд Трафорд“ го приреди Севиља.