Денес остварив средба со боксерот Бајрам Мамутовски од БК “Куманово 84” и неговиот тренер Самет Салиевски, кој освои златен медал на Балканското првенство за јуниори и младинци во Валчеа, Романија.

На средбата упатив честитка до Мамутовски за освоениот златен медал, со кој се закити младиот боксер во категорија до 48 килограми, во конкуренција на 120 боксери од повеќе држави.

Муратовски годинава освои сребрен медал на меѓународен турнир во Бања Лука, беше прогласен за најдобар боксер на турнир во Лесковац и на турнирот “Мирослав Петровиќ” во Куманово, воедно е и актуелен првак во државата во неговата категорија.

Општина Куманово ќе продолжи во континуитет да го поддржува неуморниот труд на нашите млади спортисти, кои редат значајни резултати на локално и интернационално ниво.

ФБ статус на градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски.