Директорката на Централниот регистар, Марија Бошковска Јанковски учествуваше на виртуелниот годишен состанок на Генералното Собрание на светскиот Форум на корпоративни регистри, во својство на член на извршниот одбор на оваа глобална организација.

Над 70 учесници од околу 40 земји учествуваа во одлична дискусија и споделување искуства за справувањето со пандемијата, но и предлози за заеднички настап во периодот на опоравување што следи.

Бизнис регистрите во целиот свет во клучните моменти останаа сервис на бизнис заедницата, справувајќи се со сите предизвици за да не се намали квалитетот на услугите. Централниот регистар ќе продолжи несебично да споделува, но и да учи од нашите сродни институции од целиот свет.