Директорот на Бирото за јавна безбедност, Саше Тасевски денес оствари средба со Бил Вуд, шеф на Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал.

“Денес имав средба со шефот на Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал (UNODC) во Скопје и регионалниот советник за организиран Криминал, Бил Вуд.” напиша Тасевски.