Директорот кој во изминативе неколку години важеше за “миленик” на државниот просветен инспекторат од Кочани и Скопје (во владеењето на ВМРО ДПМНЕ) според наши сознанија конечно ќе седне на обвинителна клупа по кривична пријава на родител чие дете учи во подрачното училиште Св. Кирил и Методиј во село Горни Подлог.

Имено првата преставка против Д.К. тогаш наставник по хемија е поднесена на 01.12.2016 година поради тоа што вербално нападнал ученичка, повратник во Македонија, која претходно живеела во Франција. Иако 14 годишната ученичка претходно го немала користено и изучувано македонскиот јазик за што сите наставници опретходно биле информирани, наставникот по хемија Д.К. со најпогрдни зборови довикувал кон ученичката. Ја нарекувал ментално болна, умноболна, нездрава, не треба никогаш да имаш деца бидеќи и тие ќе бидат нездрави.

На 12.02.2018 година, вработена наставничка во основното училипште Св. Кирил И Методиј, П.У. с. Подлог поднесува пријава до сега веќе директорот Д.К. на гореспоменатото училиште за поради мобинг од страна на раководителот на подрачното училиште Д.А. од Кочани. По оваа пријава до директорот Д.К. воопшто и да не презел ништо.

Според наши сознанија против директорот Д.К. пред Основното јавно обвинителство во Кочани е покрената кривична пријава за малтретирање во вршење на служба и се преземени дел од истражни дејствија за тоа кривично дело за што родителите имаат дадено изјави.

Лицето Д.К. сеуште е директор на гореспоменатото училиште.