Министерката за образование и наука, Рената Дескоска ги додели наградите од изборот за најдобар ученик по струки од завршните години –„ЛИДЕР“ од средните стручни училишта во земјава во оваа  учебна година, кој четврта година по ред го организира Министерството за образование и наука во соработка со Центарот за стручно образование и обука, и со несебична поддршка на професори од високо образовните установи во државата и претставници на бизнис заедницата.

Натпреварот имаше една единствена цел, а тоа да се поврзат теоријата и практичната работа, за учениците да можат своето знаење да го преточат во изуми, кои подоцна ќе ги користат во наставата. Оваа учебна година за учество во натпреварите се пријавија средношколци од 21 образовен профил од осум струки, односно машинска струка, електротехничка струка, сообраќајна струка, економско – правна и трговска струка, земјоделско – ветеринарна струка, хемиско – технолошка струка, угостителско – туристичка струка и струката лични услуги.

Министерството за образование и наука ги поддржува ученичките активности кои придонесуваат за унапредување на знаењата на учениците и го поттикнуваат натпреварувачкиот дух кај младите. Годинешни добитници на наградите се: Тијана Крстевска СЕПУГС „Васил Антевски Дрен“ Град Скопје економско – правна и трговска, Сања Георгиева СУГС „Димитар Влахов“ Град Скопје лични услуги, Никола Стоименов ССОУ „Коле Неделковски“ Велес електротехничка, Ребека Колевска СОУ “Димитар Влахов“ Струмица хемиско – технолошка, Стефан Делев СОУ „Никола Карев“ Струмица машинска, Антонио Тренески ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ Охрид сообраќајна, Камелија Илиева СОУ „Кочо Рацин“ Св.Николе земјоделско – ветеринарна и Кристијан Стоимов СОУ „Коле Нехтенин“ Штип угостителско – туристичка.