Американскиот претседател Доналд Трамп нареди протерување на 60 наводни руски шпиони од САД како одговор на нападот со нервен агенс врз поранешен шпион Сергеј Скрипал во британскиот град Салисбури во почетокот на месецот.

Според висок претставник од Белата куќа, „48 лица за кои се знае дека вршат разузнавачки работи“ од рускиот Конзулат во Сиетл и 12 од руската мисија во ОН имаат седум дена да ги напуштат САД, јави АФП.