Сопственикот на НБА тимот на Далас Маверикс, Марк Кјубан заедно со најголемата ѕвезда на тимот, Словенецот Лука Дончиќ донирале 500.000 долари за луѓето кои се грижат за здравјето на децата додека трае пандемијата на коронавирусот во две болници во САД.
„Не можеме доволно да им се заблагодариме на нашите медицински работници за тоа што здравјето на пациентите го ставаат пред своето. Му благодарам на Лука што ми се придружи во оваа донација за луѓето кои прават се што можат за нашата заедница да остане здрава“ – рече Кјубан.
И Дончиќ им е благодарен на здравствените работници.
„Ви благодарам здравствени работници кои толку многу жртвувате поради грижата за други. Почестен сум што можам да помогнам“ – рече Словенецот.
Досега, во НВА лигата 10 кошаркари се позитивни на коронавирусот.