Владејачката ДУИ го искритикува претседателот Стево Пендаровски затоа што тој не го потпиша Законот за игри на среќа со образложение дека во консултација со ЕУ и со правни експерти, заклучил дека процедурата за неговото носење била злоупотребена.

„Одлуката на Пендаровски е за жалење. Опозицијата две години по ред го блокираше законот за оддалечување на казината и обложувалниците од нашите училишта и деца. Сите ги знаеме нивните мотиви.

По сите блокади и опструкции, парламентарното мнозинство конечно го изгласа законот, кој го поздравија сите граѓани, Албанци, Македонци, Турци, Роми, Срби, Босанци и сите останати, а посебно мајките со пораки `ни ги спасивте децата`, како и здруженијата против коцкање.

Довербата на пратениците и граѓаните кои го поддржаа, како и целата оваа битка за отстранување на казината и обложувалниците од нашите училишта и деца, за двојно зголемување на даноците и зголемување на буџетските приходи и отежнување на процедурите за отворање и проширување на индустријата, Пендаровски ја фрли. во корпата за отпадоци, ја одбра страната на обложувалниците и казината.

Образложението дека европското знаменце била `злоупотребено` за усвојување на законот е приказна за мали деца, заѓислете немале забелешки за содржината, туку за процедурата.

Ние не се предаваме во оваа битка и убедени сме дека пратениците со чиста совест се на страната против казината и обложувалниците“ – се вели во нивното соопштение.