Партијата Единствена Македонија и Родољубното здружение Тврдокорни, денеска, потпишаа Меморандум за стратешка соработка која започнува за парламентарните избори на 12 април.

Општ заклучок кај потписниците на Меморандумот е дека на Македонија не и треба обединување околу лидери и поединци, туку, обединување врз основа на Платформа со јасни определби за одбрана на националните и државните интереси.

Единствена Македонија и Тврдокорни се согласни дека антимакедонските договори со кои се бришат името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ, мора да се поништат.

Тврдокорни ќе го вложат целиот свој потенцијал и активно ќе работи на терен во предизборната кампања, со цел, да помогне во победата на изборите на Единствена Македонија како единствената автентична национална и патриотска партија, но, Тврдокорни до крај ќе остане на својата аполитичка определба и за таа цел нема да учествува на Листите на кандидати за пратеници.

Единствена Македонија и Тврдокорни остануваат на првата линија во одбрана на македонските национални и државни интереси. Единствена Макеоднија и Тврдокорни се силно убедени дека заедно со народот на 12 април ќе победат во Битката за Република Македонија.