Штотуку добивме ексклузивна информација за успешната акција на македонската полиција и царина кои успеале да спречат шверц на марихуана кај граничниот премин Ново Село.

Имено одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во соработка со царинската управа пресекла сериозен меѓународен канал на трговија со дрога.

Според нашите извори марихуаната е натоварена во Албанија, а Македонија е транзитна земја за на крај истата да заврши во Бугарија.

Марихуаната е пронајдена во специјално изработен бункер на камион со бугарски регистарски таблички. Со камионот управувал државјанин на Бугарија.

Ова е уште една од серијата акции на Одделот за криминалистичка полиција, кој периодов очигледно е во бескомпромисна и сурова борба за разбивање на криминални групации, домашни и меѓународни.

Се очекуваат подетални информации од МВР.