Револуционер екслузивно дознава дека пред малку е уапсен бизнисменот Орце Камчев.
Орце Камчев е еден од осомничените во истрагата на поранешното СЈО наречена „Империја“, поврзана со перење пари, злоупотреба на службата и повластување на доверители, но до овој момент немаме потврда за што точно е приведен.
Според неофицијални информации се работи за случајот со плацовите на Водно, каде исто така е еден од осомничените.
Некои од информациите кои пристигнаа до нашата редакција, Камчев планирал бегство.
Во моментов Камчев се наоѓа во П.С. Карпош.
Во моментот на апсењето Камчев бил во придружба на Наташа Савова, со која живее по неговата разделба со адвокатката Ана Камчева.
Повеќе информации наскоро од МВР.