Управата за финансиска полиција до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против екс министерот за здравство Никола Тодоров и против П.В. тогашен раководител на единицата за имплементација на проектот за реконструкција и доградба на објекти на јавните здравствени установи во Министерството за здравство поради сомнение за сторено кривично дело несовесно работење во службата, сооштија од Финансиската полиција.

Се работи за склучениот договор за градежни работи во општите болници во Куманово, Кочани и Крива Паланка за што била избрана фимата Конструктор Инженернг АД СПлит.

Во објаснувањето на кривичната пријава, од финансиската полиција наведуваат дека двајцата и покрај тоа „што биле свесни за ненавремено и неквалитетно изведување на работите од изведувачот“, во текот на 2011 година не презеле никакви активности за активирње и наплата и не побарале продолжување на рокот на важност на банкарската гаранција во износ од 3.813.000 денари за извршување на работите пред истекот на нејзината важност што е спротивно и на Законот за јавни набавки и на Договорот.