Министерството за здравство соопшти дека претпладнево министерот за здравство Венко Филипче ќе одржи состанок со Комисијата за заразни болести и со комисијата за следење и информирање за состојбите со коронавирусот. Состанокот ќе се одржи во проширен состав, а на него ќе присуствуваат и искусни експерти од различни области.

На средбата ќе се дискутираат и евентуални нови засилени мерки за заштита на населениото и превенција од понатамошно ширење на вирусот кои Комисијата ќе ги достави како предлог до Владата.

Препораките ќе бидат на дневен ред на денешната седница на Владата, а одлуката на Владата ќе биде соопштена на прес конференција веднаш по завршувањето на седницата.

Министерството за здравство информира и дека, по информацијата добиена од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, здравствената состојба на сите 7 пациенти кои се позитивни на корона вирусот и се хоспитализирани на клиниката е стабилна.