Магистралниот гасовод Скопје – Тетово – Гостивар е дел од гасификацијата на целата држава, како еден од врвните приоритети на Владата и од посебен интерес на граѓаните и стопанството.  Делницата што денеска ја посетивме, во должина од 86 км, има 66% на реализација и проценките се дека целосно ќе биде завршена во втората половина од идната година.

Со оваа динамика на градежни работи, го приближуваме гасот до индустријата и до граѓаните. Следува фаза кога ќе ги определиме операторите на секундарната мрежа кои ќе треба да обезбедат пренос и приклучок по ниски цени, достапни за граѓаните и стимулирачки за индустријата.

За три години направивме огромна разлика во енергетиката. Од земја којашто беше ставена во ситуација да биде зависна од само еден коридор, Северна Македонија денеска е земја интегрирана во енергетски проекти и вклучена во иницијативи за енергетско поврзување кои отвораат широки перспективи и за брз економски развој и за стабилно снабдување на граѓаните со евтин и еколошки енергенс како што е гасот.