Синоќа во Драмски театар-Скопје премиерно се изведе претставата „Партија реми“ во режија на Виолета Џолева, со која актерот Ѓокица Лукаревски ќе одбележи 40 години актерска кариера.

На премиерата присуствуваше и премиерот Зоран Заев, кој своите импресии за 40 годишната актерска кариера за  Ѓокица Лукаревски ги сподели на официјалната фан страница на Фејсбук.

“Нема подобро признание за актерот од аплаузот на публиката. Ѓокица Лукаревски вечерва треба да биде горд на својот живот и на кариерата.

Громогласниот аплауз што тој го доби денеска на претставата „Партија реми“ со која одбележа 40 години актерска кариера на сцената на Драмскиот театар во Скопје, уште долго ќе одѕвонува како ехо за сите негови ликови, претстави и успеси на театарската сцена.

Токму со оваа претстава и нејзината премиерна изведба вечерва, Ѓокица Лукаревски одбра да замине во пензија. Но, знаејќи ја неговата природа и страст за театарот уверен сум дека уште долго ќе го гледаме на сцената.

Ми беше чест да бидам поканет и да присуствувам на овој негов значаен настан и му посакувам активни пензионерски денови.”, напиша Заев.