Никој не може да го смени, ниту некој барал промена на името на Македонската православна црква, одговори премиерот Заев на пратеничко прашање од опозицијата. Тој рече дека денеска јавно ќе го објави писмото испратено до патријархот во Истанбул.

„Барањето во писмото е патријаршијата да помогне за признавањето на МПЦ-ОА. Дополнително на писмото кое светиот синод на МПЦ го испрати, јас напишав писмо и го испратив до светиот синод на Вселенската патријаршија да помогне при признавањето. Никој не побарал ниту може да го смени името на МПЦ. Не е тема на дебата името, прашањето е помош околу решавање на црковниот спор кој постои од возобновувањето на МПЦ-ОА“, рече Заев.