Новата и модернизирана преносна мрежа значи инвестиција во подобро утре и олеснување на животот и работата на граѓаните. Врските со соседите значат електроенергетска стабилност што е основа за секоја просперитетна економија. Реализацијата на големи капитални проекти за регионално поврзување на електропреносните системи е долгорочен стратешки интерес за секоја држава.

– Започна изградбата на далекуводот Штип – Овче Поле. Истиот опфаќа реконструкција и изградба на шест 110 киловолтни далеководи. Со овој инвестициски циклус се заменуваат сите армирано бетонски столбови стари и до 66 години.
– Во тек е проектот за реконструкција на трансформаторската станица Битола 2 која е дел од најважниот енергетски прстен во земјава и почетната точка на интерконективниот далекувод Битола – Елбасан преку кој Северна Македонија енергетски се поврзува со соседна Албанија на 400 киловолтно напонско ниво.
– Со изградбата на новата 400 киловолтна трансформаторска станица кај Охрид ќе се обезбеди сигурно снабдување со електрична енергија на Охридскиот Регион. Со реализација на овој проект ќе се стави во функција коридорот за пренос на струја од Бугарија, преку Северна Македонија и Албанија, до Италија.
– Годинава го завршуваме и проектот за реконструкција на трансформаторската станица „Скопје 4“, многу важен енергетски јазол од каде се напојуваат со електрична енергија потрошувачите во Скопје и околината.
– Во фаза на завршни работи е проектот за релејна заштита за постројките во четирите хидроцентрали: Вруток, Тиквеш, Глобочица и Шпиље.
– Целосно се реконструирани трансформаторските станици во Валандово, Осломеј и во Дуброво, како и во Прилеп.

Овие големи инвестиции се трајни добра и за идните генерации. Сите треба да работиме за една цел – развој на нашата татковина.