Одлуката сѐ уште не е во нејзината конечна верзија и процесот е отворен за сите сугестии и предлози во насока на најдобро решение, кое ќе ги опфати сите аспекти за заштита на природата на Водно.

Во одлуката ќе биде предвидено и запирање на урбанизацијата во подрачјето на Водно до донесување на Планот за управување, во кој ќе бидат прецизирани мерките за заштита и за интегрирано управување со заштитеното подрачје.

Заедно со министерот Насер Нуредини имавме средба со претставници на граѓански организации од сферата на заштитата на природата и животната средина и повеќемина експерти од оваа област, кои покажаа интерес за иницијативата на Владата за прогласување на дел од Водно за заштитено подрачје.

Во досегашната јавна расправа поддршка дадоа над триесеттина граѓански организации и поголем дел од стручната и академската јавност.