Се фокусираме кон креирање на долгорочни политики за економски развој и предвидлив деловен амбиент, како и кон обединување на сите засегнати страни во однос на клучните приоритети кои треба да ја подобрат иднината на Северна Македонија.

Вложувањето во образованието и зајакнување на човековиот капитал, иновациите, инвестициите, подобрувањето на деловниот амбиент, почитувањето на демократските темели на општеството, борбата со корупцијата и грижата за животната средина, беа теми на онлајн состанокот со претставниците на Македонија 2025.