Како една од причините поради која Реал Мадрид сезонава е далеку од трката за титулата во шпанското првенство, навивачите на „кралскиот клуб“ ја сметаат слабата форма на Иско. Шпанскиот репрезентативец игра многу полошо од минатата сезона, а симпатизерите на Реал веруваат дека тоа е поради раскошниот живот што го живее со неговата девојка Сара Саламо.

Еден навивач на Реал, сепак ги поминал сите граници со обвинувањата дека Сара е виновна за лошата форма, па на една од социјалните мрежи ѝ порача: „Твоите денови се одброени“.

Сара веднаш ги пријавила овие закани во полиција, а корисникот на тој профил избришал се што напишал претходно.

„Здраво полиција. Овој човек кој себе си се нарекува дека ги мрази жените, ми испрати ваква порака“, напиша Сара на твитер профилот на шпанската полиција.