Занаетчиската комора бара во мерките на владата да биде опфатена со ослободување од придонеси за плата и персонален данок за месеците март, април и мај и доколку кризата потрае за повеќе месеци.

-Поради новонастаната ситуација во државата зарди коронавирусот сметаме дека е потребно и за занаетчиството како дел од стопанството кое е целосно блокирано, да се преземат чекори за надминување на кризата.Наш предлог е да се ослободиат занетчиите од придонеси за плата и персонален данок на доход за месеците март,април ,мај или се до моментот додека не се стабилизира состојбата во земјата – велат од Комората.

Оттаму предлагаат со забраната за работа да се опфатат и занаетчиите кои се во директен контакт со луѓето како фризер, козметичари, педикири маникири.