![2020-11-05_23-23-10](https://revolucioner.press/wp-content/uploads/2020/11/2020-11-05_23-23-10-696x522.jpg)
Во рамките на засилените мерки и активности на Министерството за внатрешни работи за сузбивање на нелегалната трговија со наркотици, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи – Единицата за недозволена трговија со дрога во координација со СВР Велес и ОВР Неготино, на 05.11.2020 на подрачје на с. Дуброво, неготинско, по претходно добиена судска наредба, извршија претрес на дом и други простории кај Е. Е.(29).
При претресот во помошни простории кои ги користел Е.Е. пронајдени се околу 50 килограми марихуана. Е.Е. е приведен, а по документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.