Започна седница за гласање доверба на Владата. Опозцијата се врати во Собранието, а пред речиси секој пратеник има транспрент на кој пошува што не исполнила Владата на Заев.

Барањето за гласање го поднесе опозициската ВМРО-ДПМНЕ, а истото беше потпишано од 42-ца пратеници, меѓу кои и Иван Стоилковиќ од Демократската партија на Србите во Македонија. Според опозицијата, Владата предводена од СДСМ и ДУИ нема капацитет за водење на институците. Во барањето се наведува и дека Владата работи за партиските интереси, а во изминатите десет месеци не е остварен ниту еден од проектите и реформите што ги ветуваа во предизборието.

Претседателот на Владата пред гласањето има право да се обрати пред пратениците во Собранието. За да се изгласа недоверба, потребено е опозицијата да собере 61 глас.