Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, садеше дрвца во кумановската населба Диво Насеље, позната по крвавиот судир помеѓу екстремисти од Косово и македонската полиција во 2015-та.

Дрвцата беа засадени со порака за мир во ова населено место по повод Денот на Европа.

– Куманово е космополитски град. Тука особено не заслужуваат да гинат припадници на македонските безбедносни сили – рече Димитриевски.