Водостоите на речиси сите реки во Македонија денеска се над просекот за март, а нивното ниво е зголемено во однос на вчера, со исклучок на Брегалница на мерното место кај Берово каде водостојот е ист како и вчера.

Според податоците на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) пониско ниво од просечното имаат Крва Река кај Крива Паланка и Брегалница кај Берово.

Водостоите на природните езера се во рамките на повеќегодишниот просек за овој месец.