Земјотрес со јачина од 3,4 степени ја погоди Македонија.

Според првичните податоци на веб-страницата www.emsc-csem.org која објавува податоци за земјотреси во целиот свет, потресот се случил во 14 часот и 9 минути на длабочина од два километра и со епицентар на осум километри од Скопје.